Актерот Сејџ Сталоне беше првото дете на Силвестер Сталоне и неговата сопруга Саша Чак. Тој почина на 36-годишна возраст, на 13 јули 2012 година, во својот стан во Лос Анџелес од срцев удар предизвикан од атеросклероза.
Неговата смрт многу го погоди актерот, по што тој целосно се изолира од јавноста.
„Ниту една болка не е посилна од онаа кога родител ќе изгуби дете. Затоа ги молам луѓето да покажат почит кон споменот на мојот талентиран син и да сочувствуваат со љубовта на неговата мајка Саша. Оваа болна загуба ќе остане со нас до крајот на нашиот живот. Сејџ беше нашиот првородено дете и центар на нашиот универзум и понизно ве молам да не ја вознемирувате душата и сеќавањето на мојот син“, рече тогаш Сталоне.
По разводот на Сталоне и Саша Чак, имаше тежок период меѓу таткото и синот. Но по неколку години, се смирија и почнаа да снимаат филмови и да даваат интервјуа.
Сталоне соработуваше со Сејџ во филмот Роки 5, а неговиот син планираше да се занимава со продукција. И покрај неговите здравствени проблеми, никој не можеше да замисли дека може такво нешто да се случи. По смртта на синот, во август 2012 година, актерот изјави: „Тоа е многу тешко. Ова е ужасна ситуација, но тоа е реалниот живот – времето ви помага да се борите и да се обидете да го преживеете она што се случило. Многу е важно да најдете сила да се искачите нагоре и да се обидете да живеете. Во спротивно, може да се вовлечете во маѓепсан круг.“
На доделувањето на Златните глобуси во 2016 година, новинарите го прашале Сталоне како загубата на синот влијаела на неговата работа, а актерот одговорил: „Ми се чини дека во таквите ситуации многу помага ако правите нешто. Во случајот со мојот син, сакав да му оддадам почит и ми се чини дека го направив тоа“.