На сетот на секој филм во кој се користи оружје треба да има и полицаец, рече Алек Болдвин откако случајно ја застрела снимателката Хачинс

На сетот на секој филм во кој се користи оружје треба да има и полицаец, рече Алек Болдвин откако случајно ја застрела снимателката Халина Хачинс. Глумецот се огласи по повод трагедијата на сетот на филмот „Рѓа“ кој го снимаа во Ново Мексико. Во несреќата застрелан беше и режисерот Џоел Соуза.

Тој напиша дека полицајците мораат да бидат присутни на таквите снимања за да го надгледуваат користењето на оружјето.

„На секој филмски или телевизиски сет на кој се користи оружје, лажно или не, треба да има полицаец вработен од страна на продукцијата, за посебно да ја надгледува безбедноста на оружјето“, рече Болдвин.

За потсетување, трагедијата се случи на 22 октомври. Болдвин не знаејќи дека во пиштолот реквизит кој му го дал помошникот на режисерот имало вистински куршуми, па несакајќи тој ја застрела снимателката Хачинс и го рани режисерот Соуза.

Еден од членовите на филмската екипа објави дека за време на снимањето се случувале вообичаени проблеми, но, никој не можел да очекува дека може да се случи ваква трагедија.

„Приказната дека сме превработени и дека условите на сетот се несигурни и хаотични е обично срање. Никогаш немавме повеќе од 12,5 часа снимање во денот, а тоа се случи само еднаш. Дента кога Халина почина работевме 12 часа, откако ден претходно снимавме 11 часа. Завршивме до 18:30 часот и имавме претходно 56 слободни часови. Никој не беше преморен за да си ја заврши работата како што треба. Снимателите беа сместени во хотелски соби. Не можете да кажете дека шест возрасни мажи се чувствуваат несигурно во хотел, а дека им е супер да спијат во нивните автомобили на паркинг, нешто што никогаш не се случи, како што некои тврдат. Тие добија сместување во хотел, но, многумина од нив никогаш и не го искористија. Нашиот филмски сет беше оддалечен само 35 минути од Албакерки. Санта Фе е оддалечен од Албакерки околу еден час, а филмскиот сет 25 минти јужно од него. Така што никој не ни патуваше премногу до дома“, напиша еден од членовите на филмската екипа.

Болдвин пренесе и дека некои од екипата на сетот се обидела да испреговара нови договори среде снимањето и дека сакале да ги држат продуцентите, како што вели тој на тенок мраз. Болдвин вели дека тие барале повеќе пари и подобри хотелски соби од остатокот од екипата.

„Тие сметаа дека се подобри од другите. Тие ликови не се херои. На нив им беше важен само сопствениот задник, а тоа може и да се докаже“, рече Болдвин и додаде дека продуцентите работеле неумрно за да им угодат на целата филмска екипа.

Болдвин некои поединци ги нарече неблагодарници и пренесе дека имале неколку состаноци во врска со безбедноста на сетот, понекогаш дури се собирале по неколку пати и во ист ден.

 

 

Scroll to Top