Никој не може да го глуми Хобс како него, по 10 години кавга Вин Дизел го моли Двејн Џонсон заедно да го снимаат „Брзи и бесни“

Глумецот Вин Дизел објави фотографија со неговиот колега Двејн Џонсон и го замоли да му се придружи да го снимаат десеттото продолжение на серијалот „Брзи и жестоки“.

„Мој помлад брату Двејн. Дојде време. Светот го чека „Брзи и жестоки 10“. Како што знаеш моите деца те нарекуваат чичко Двејн. Најслаткиот чичко. Ти реков пред многу години дека ќе го исполнам ветувањето на Пабло. Се заколнав дека ќе снимиме десет филмови и тоа ќе биде врвот“, рече Дизел и дополни дека тоа го вели од љубов.

„Мораш да се појавил, не ја оставај франшизата без многу важната улога. Хобс не може да го игра никој друг. Се надевам дека ќе ја искористиш можноста и ќе ја исполниш својата судбина.

За потсетување, Џонсон во јуни најави дека нема да се појави во улогата на Хобс. Тој и Дизел се скарани повеќе од една деценија и одбивада глуми со него. Целата ситуација започна поради нивниот поинаков начин на размислување и воспитување, рече Џонсон во интервју за Vanity Fair.

„Се работи за филозовија во секојдневното одење на работа и гледање на работите како рамноправни партнери. Треба да се гледа и на студиото како рамноправен партнер. И гледање на филмската екипа, без разлика на нечија положба, работите треба да се гледаат на рамноправна основа, со почит и понизност, почитувајќи го процесот и секое друго човечко суштество кое вложува исто толку време, исто толку напор и труд и капитал, ако не и повеќе. Мислам дека секогаш ми беше важно да стојам исправено и да го гледам некого во очи“, објасни Џонсон не криејќи дека не му било пријатно однесувањето на неговиот колега Дизел.

 

Тој е машка спонзоруша, Двејн Џонсон откри зошто не снима повеќе со Вин Дизел

Scroll to Top