По Меган и Хари и британската пејачка Адел се отвори во шоуто на Опра. Таа гостуваше кај популарната американска водителка, а емисијата треба да се прикаже во недела на 14 ноември.
Адел зборуваше кај неа за новиот албум, новата љубов во животот, животната трансформација, но и разводот со поранешниот Симон Конецки со кого има и син. Таа претходно во своите интервјуа рече дека и било срам од обожавателите за пропаднатиот брак.
„Бев многу тажна. Факт е дека толку луѓе кои не ги познавав сега знаат дека не успеав во него. Тоа ебано ме уништи. Се срамев. Никој не ме посрамотил толку“, рече Адел, за магазинот „Ролинг Стоун“.
Таа вели дека најмногу ја погодиле коментарите во врска со разводот. Таа вели дека дел од нејзините обожаватели биле среќни затоа што се надевале дека тоа ќе биде инсприација за неа и дека тагата ќе ја претопи во новиот албум.
Адел подоцна сватила дека тоа и не е така лоша идеја, затоа што тие само ги сакале нејзините песни.
„Тоа значи дека ме почитуваат и сакаат само да ме слушаат. Во реалноста тоа и не е нивна работа и одговорност. Нивна одговорност како обожаватели е да сакаат да слушаат добра плоча и да се надеваат дека јас ќе ја снимам“, рече Адел.
За потсетување, Адел сега е со Рич Пол, менаџерот на славниот НБА кошаркар Леброн Џејмс. Таа рече дека на почетокот не сакала премногу да зборува за нив двајцата.
„На почетокот не им кажав ниту на моите пријатели затоа што тоа сакав да го задржам за себе“, рече Адел.