Принцот Алберт ја смести сопругата во болница поради психички проблеми

Принцот на Монако, Алберт, ја однел својата сопруга, принцезата Шарлин, на психијатар. Таа во болницата ќе остане неколку дена, каде што ќе се лекува, пишуваат медиумите. Таа е сместена во една установа надвор од Монако. Принцот рече дека одлуката ја донеле заедно со нејзините браќа.

Тој негира дека постојат проблеми во нивниот брак и откри дека сопругата страда од длабока емоционална и физичка исцрпеност.

„Ова ќе го повторам неколкупати, но нејзиниот престој во установата нема врска со нашиот однос. Сакам тоа јасно да го нагласам. Нема никакви проблеми во нашиот однос. Не станува збор за проблеми во односот меѓу маж и жена. Ова се проблеми од друга природа“, рече Алберт.

Тој претходно рече дека принцезата Шарлин некое време ќе биде отсутна од јавноста, а нејзиното закрепнување бара клиничка нега, која ќе трае најмалку неколку дена.

„Се чувствува подобро, но ќе мора да се одмора. Таа не е во Монако, но набргу ќе се врати“, рече Алберт.

Медиумите често пишуваа за проблемите на принцезата, која го доби и прекарот – најтажната жена во светот, откако целата своја венчавка ја помина плачејќи. Многумина не веруваа дека станува збор за солзи радосници.

Многумина сметаат дека причината за нејзината состојба било неверството на Алберт. Шарлин неодамна си ја избричи половина глава, а некои тоа го протолкуваа како бунт против принцот.

 

 

Scroll to Top