Пејачката Бритни Спирс сними видео и изјави дека сака да гостува кај популарната американска водителка Опра Винфри и да му раскаже на светот за ужасите што таа ги доживеала во изминатите години.
Таа вели дека откако сега нејзините родители немаат контрола над нејзиниот живот, може да прави што ќе посака. Иако вели дека ѝ е срам да зборува за тоа, сепак го најави и големото интервју кај Опра.
„Многу ми е незгодно да признам дека никогаш не сум ги видела парите што ги имав, ниту дека сум го возела мојот автомобил. Секој ден се будам и се прашувам како можеше моето семејство да ми направи вакво нешто“, рече Бритни и им кажа на фановите што е тоа што ја прави среќна.
„Бев под старателство 13 години, а тоа е многу долг период кога си во ситуација во која не сакаш да бидеш. Сега се заблагодарувам искрено за секој поминат ден на слобода, а тоа што ме прави среќна се малите работи, како поседување клучеви за автомобил или купување свеќи. Тие мали работи за нас жените прават голема разлика“, рече Бритни.
View this post on Instagram
Таа рече дека не сака веќе да биде жртва затоа што тоа била целото свое детство. Затоа и си заминала од дома на 20 години и почнала да работи.
„Јас сум тука зашто сакам да им помогнам на лицата со виситнски инвалидитет и реални болести. Не можам ни да замислам што системот им направил на тие луѓе. Се надевам дека мојата приказна ќе влијае кај многумина и ќе направи промени во корумпираниот систем“, рече Бритни.
Пејачката им се заблагодари на сите што ја поддржуваа за време на судскиот процес и движењето #freebritney.
„Ми го спасивте животот. Навистина. Ќе имаме сега добра година и добар Божик. Господ да ве благослави“, рече пејачката.