Мерима Његомир, една од најпознатите и најголемите српски пејачки на народна музика, почина на 69-годишна возраст после кратко боледување, пренесуваат српските медиуми.
Веста за нејзината смрт ја потврди и нејзината ќерка Љубица.
„Така е“, кратко одговори таа.
Његомир ќе остане запаметена по легендарните емотивни песни кои станаа толку популарни, што и ден-денес целиот Балкан со задоволство ги слуша. Таа во својата кариера сними повеќе од 25 албуми со безвременски хитови како „Иванова корита“, „Рузмарин“, „Због тебе“ и многу други.
Песната „Иванова корита“, која Мерима ја сними во 2001 година е несомнено нејзина најпозната песна.