Есента донесе новини во стилот на шминкање, а светските шминкери го избраа водечкиот тренд за оваа сезона: топли природни бои, земјени тонови и розови нијанси. Новата колекција Charming Escape е целосно инспирирана од најубавите и најмиризливи италијански предели. Овие бои доминираат и во производите на познатиот италијански бренд „Кико Милано“.
Освен декоративната козматика, особено е важно да се негува кожата во ладните денови. Па, така, експертите велат дека ниедна жена не треба да излезе од дома без најпрвин да нанесе серум за лице. Овој серум ја хидрира и негува кожата и ја прави свежа и здрава.
Оваа есен на прво место, според визажистите, се мат кармините со богата текстура. Луксузните кармини се нанесуваат лесно и им даваат волумен на усните.
Во сенките доминираат сензуални бои, од нежно розови тонови до темнокафеави со малку сјај.
Изгледот секоја дама треба да го дополни со руменило во комбинација со бронзер. И, тука, според визажистите, на прво место се розовите нијанси.