Тори Спелинг се разведува по 15 години брак

Ѕвездата од „Беверли Хилс“, Тори Спелинг, се разведува од глумецот Дин МекДермот по 15 години брак. За нивниот разнишан однос се знаеше веќе нподолго време, а сега таа ги подготвува барањата за развод пренесува „Дејли мејл“.

Извор близок до двојката тврди дека Тори сака да се увери дека е финансиски стабилна пред да ги поднесе документите.

„Нивниот брак е завршен веќе од порано. Тори се состана со своите адвокати и планира брзо да го поднесе барањето. Таа се обидува да ги реши сите работи, но, претходно сака да се погрижи да биде финансиски стабилна“, рече изворот.

Таа со Дин е во брак од 2006 година и имаат 5 деца. Досега останаа заедно токму поради нив. Нивниот пријател рече дека и понатаму ќе имаат заедички ручеци и излети, но, само поради нив.

„Тие со месеци спијат во различни соби и веќе некое време не се сметаат за брачна двојка. Тори е подготвена за нов почеток, но се обидува тоа стратешки да го изведе“, додал изворот.

Дека не спијат заедно на јавноста им е познато од поодамна, уште кога глумицата призна на гостувањето во радиото Sirius XM. Најголемиот проблем бил неверството на Дин, за кое јавноста дозна во 2014 година. Аферата ја документираше и реалното шоу True Tori.

Иако потоа се зборуваше дека тие ги решиле брачните проблеми, таа тоа никогаш не го преболе.

„Тори има големи проблеми со довербата. Дел од нивниот однос никогаш не се поправи по неговото неверство. Тие живеат сега одвоени животи. Неодамна глумицата објави заедничка фотографија со нејзините деца, но, без Дин. Таа им објасни на фановите дека тој бил во Канада, каде го снима новиот игран филм.

Scroll to Top