Партнерот на Ана Бекута, српскиот политичар и поранешен пратеник, Милутин Мркоњиќ, почина денес во Белград на 79 години. Тажната вест ја потврди и Ивица Дачиќ. Милутин почина на Институтот за кардиоваскуларни болести во „Дедиње“, откако неговата здравствена состојба се влошила.
Во последните неколку недели тој се лечеше од срцеви проблеми. На 18 ноември лекарите соопштија дека неговата здравствена состојба е сериозна. „Конзилиумот лекари на Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“, ги презеде сите неопходни мерки на интензивно лечење. За здравствената состојба на пациентот Конзилиумот ќе ја извести јавноста во соодветно време“, рекоа од Институтот „Дедиње“.
За потсетување, тој на почетокот на ноември, заврши на кардиоваскуларната клиника во Белград, каде му беше вграден пејсмејкер. Во август му беше направена операција на срцето со нов метод, преку препоните.
Ана Бекута беше со него до последните моменти и секојдневно го посетуваше во клиниката. Двајцата беа во врска 10 години. Претходно тој беше во брак со Драгана, од која никогаш официјално не се разведе. Дипломираше во 1971 година, на факултетот за градежништво во Белград.
По завршувањето на факултетот работел во Бирото за студии и проектирање на железници, а од 1974 година, бил и раководител на Секторот за проектирање. Во 1977 година за вработил во Центарот за истражување и проектирање, а по неговото спојување со Сообраќајниот институт тој станува и негов директор. Бил раководител и на обнова на Србија, по НАТО бомбардирањето во 1999 година. Бил потпретседател на Народното собрание на Република Србија од 8 мај 2007 година.
Откако претседателот на Собранието Томислав Николиќ си поднесе оставка, Милутин го презеде водењето на седниците на Собранието како најстар од потпретседателите, до изборот на новиот претседател Оливер Дулиќ на 23 мај 2007 година. Пред него, Владата на Србија положи заклетва на 15 мај 2007 година. На изборите за претседател на Србија во јануари 2008 година, тој беше кандидат на СПС и освои околу 6% од гласовите. Воспоставувањето на коалицијата на Демократската партија и Социјалистичката партија на Србија, во јули 2008 година, Милутин е избран за министер за инфраструктура во новата српска Влада, која ја формирал Мирко Цветковиќ.
Во владата која е формирана по изборите во мај 2012 година, Милутин ја извршуваше функцијата министер за сообраќај, до реконструкцијата која е завршена на 2 септември 2013 година. На тоа место го замени неговиот колега Александар Антиќ.