Двајца мажи кои беа гости на една венчавка во Биванди во Индија, не се одвоија од масата со храна и покрај тоа што во ресторанот изби пожар. Додека сите трчаа наоколу тие безгрижно седеа на масата и се гостеа.
Во еден момент, едниот од нив се сврти за да види што се случува, а потоа продолжи да јаде. Локалните медиуми пренесоа дека пожарот избил поради огнометот и за среќа освен помала материјална штета од неколку уништени столици и декорации, повредени нема.