Хороскоп за 2 декември: Близнаците се импулсивни, стрелецот го очекува нова љубов

ОВЕН

Ве очекуваат помали промени во деловното опкружување. Ќе ви биде потребно одредено време за да се навикнете на нив. Ви се додворува личност во која немате доволно доверба. Чувствителен нервен систем.

БИК

Чувствувате дека во вашето деловно опкружување има некои ситуации што се одигруваат зад вашиот грб. Новото познанство внесува мистерија кај вас. Личноста што ја запознавте ви носи возбуда. Проблеми со несоница.

БЛИЗНАЦИ

Реагирате неумешно и тоа може да донесе проблеми на работа. Потрудете се да бидете малку поприбрани. Подготвени сте да прекинете врска со личност што беше неискрена кон вас. Страдате од главоболка.

РАК

Финансиите сега ви се слаба точка и сакате да промените нешто во врска со тоа прашање. Ќе имате шанса за некоја дополнителна работа. Саканата личност ќе ви покаже дека искрено ѝ  значите. Ве очекуваат проблеми со тироидната жлезда.

ЛАВ

Конечно, ќе успеете да дојдете до важни информации на кои долго чекавте. Може да се надевате на поволни околности. Доколку сте слободни, ве очекуваат среќен период и нови личности во вашиот живот. Замор и ненаспаност.

ДЕВИЦА

Пред вас е поволен период во кој ќе може да очекувате решавање на деловните проблеми. Саканата личност покажа неискреност и се чувствувате изневерено на некој начин. Потребно ви е време. Чувствителен урогенитален тракт.

ВАГА

Можеби не сте сосема задоволни од резултатите што ги постигнавте на работното место и сметате дека можете многу подобро од тоа. Уживате во незадолжителни авантури и флерт, сериозна врска не ви е во план. Мал пад на имунитетот.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате дека ќе успеете денес да разграничите некои работи и да донесете нови одлуки. Саканата личност се обидува да ви покаже колку се грижи за вас. Водете сметка за хормоните.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекуваат помали компликации кога станува збор за работата. Потрудете се да бидете доволно смирени во нивното решавање. Нова љубов ви е пред вратата, а вие сте подготвени да ѝ дозволите да влезе. Проверете крвна слика.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате позитивна атмосфера кога станува збор за работата. Потрудете се да се посветите на некои проблеми од претходно. Зрачите со позитивна енергија, па лесно склопувате нови познанства. Избегнувајте алкохол.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува напорен ден во кој ќе имате многу обврски. Потрудете се да бидете посветени на работата и ништо да не пропуштите. Немате драстични промени на љубовно поле. Болки во желудникот.

РИБИ

Поволен ден за комуникација со надредените, како и за нови разговори за работа. Може да се надевате на убава атмосфера. Романтиката денес ви е силна страна. Уживате со саканата личност. Водете сметка за бубрезите.

Scroll to Top