Отворен музеј на Фидел Кастро на Куба пет години по неговата смрт

Пет години по смртта на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро во Хавана е отворен музејот „Фидел Кастро Руз“. Музејот го слави поранешниот лидер на државата, а во центарот е говорницата каде што Фидел ги држел своите познати говори.

Центарот има театар со 190 седишта и простор за изложби. Во градината има и фонтана со карпи донесени од Рио Ла Плата, река чиј извор е во планините каде што Фидел ја направил својата прва воена станица во 1958 година како водач на бунтовничките сили. Делот наменет за растенија има дарови од пријателски земји, како што е Венецуела. Просториите нудат презентации за Фидел со Хуго Чавез, со поетот Роберт Фернандез Ратамар и големиот обновител на престолнината Хавана, Еузебиус Леал.

Отворањето на музејот доаѓа во време кога Куба се бори да застане на нозе поради пандемијата и лошата економска ситуација, предизвикана од лошото раководство и 60-годишното ембарго на САД. На свеченоста присуствуваа и венецуелскиот лидер Николас Мадуро и братот на Фидел, Раул, кој има 90 години. Тој го поздрави отворањето на музејот и го нарече највозбудливото нешто што некогаш го видел во животот.

По погребот на Фидел, инаку, Раул Кастро изјави дека нема да се подигаат статуи за неговиот брат, бидејќи „водачот на револуцијата жестоко се противеше на култот кон личноста“, како што рече тој.

 

Scroll to Top