Актерот Бен Афлек отворено зборуваше за врската со Џенифер Лопез. Тој рече дека му е драго што повторно има шанса да бидат заедно и дека времето поминато со неа е нешто најубавото што му се има случено во животот.
„Многу сум среќен што во животот добив втора шанса, затоа што многумина немаат ниту една. Среќен сум за сите лекции кои ги научив во последните 5 години во мојот живот, за големиот број проблеми во кои се најдов, најмногу ми е жал за болката што им ја нанесов на другите “, рече Афлек, алудирајќи на пропаднатиот брак со актерката Џенифер Гарнер, период кога не можеше да се откаже од алкохолот и коцката.
„Знаете, една од работите кои сега навистина ги ценам од сите аспекти на мојот живот е тоа што некои работи сè така убаво се случија и одразија на мене. Знам дека не сум совршен, но, се трудам и многу ми е важно да бидам чесен, автентичен и одговорен. Тешко е да се каже кој има повеќе корист во целата оваа врска и не сакам да навлегувам во деталите за трачевите. Понекогаш и тие се добри приказни. Сјајни приказни. Можете да пишувате секакви шпекулации за нас, но, една од лекциите кои ги научив во животот е дека не е секогаш паметно да споделувате сè со светот. Убаво кога ќе поставам здрави граници и не сакам секогаш да зборувам за мојот личен живот во медиимите. Малку сакам и да се воздржам“, рече Бен за WSJ.
За потсетување, Бен и Џенифер пред неколку месеци ја обновија врската по 20 години пауза. Претходно пејачката го остави свршеникот Алекс Родригез.