(Видео) Коза упадна во владата и украде важни документи

Коза упаднала во владата во индиската држава Утар Прадеш, од каде што украла важни документи. На видеото што го снимија камерите се гледа како козата бега со документите во устата додека еден маж ја брка. Таа почнала да бега откога вработените ја забележале надвор од зградата.

Животното на крајот било фатено, а работниците успеале да ги вратат документите иако биле речиси уништени. Некои, пак, тврдат дека не биле официјални документи, па така штетата не била сериозна, пренесува „Индепендент“.

Scroll to Top