Српскиот режисер Стеван Филиповиќ јавно призна дека е хокосексуалец. Тој на „Твитер“ објави нова фотографија и рече дека не се срами од ништо кај себе.
„Ја променив сликата. Сега е попрецизно. На некого му е важно, на некого не. Само да биде јасно дека не постои ниту дел од мене од кој се срамам, кој го кријам, или кој некој може да го искористи како оружје во евентуален конфликт“, рече Филиповиќ.
Многу негови пријатели го поддржаа во неговата одлука.
„Ова е историски момент. Ако не се лажам, ова е првиот наш режисер во историјата кој се декларирал јавно како геј. Можеби и првата машка личност, ако не ги сметаме активистите. Секоја чест. Многу те сакаме и те поддржуваме“, му напишаа тие.
За потсетување, Филиповиќ е познат по неговите дела, долгометражниот игран филм „Шејтанов војник“, кој беше најгледан српски филм со преку 40.000 гледачи во кината и со преку 1,6 милиони на премиерата на „Пинк“.
Тој е добитник на главната награда Grossmann Film Festvial во Словенија, наградата за сценарио, како и FIPRESCI нагрдата на фестивалот во Врњачка Бања, три награди на Фествалот во Херцег Нови, специјални награди и награди од публиката во Сопот.