(Фото) Во Чиле откриен нов вид на диносаурус со необична опашка

Палеонтолозите во Чиле неделава ги претставија новите докази за диносаурусот кој го откриле пред 3 години во Патагонија. Тие велат дека структурата му била неверојатна и дека имал многу необична опашка која ги збунила.

Остатоците на Стегосаурусот еленгасен, биле откриени за време на откопувањата во 2018 година во Церо Гуидо, локација за која се знае дека содржи бројни видови на фосили. Тим на научници тогаш верувале дека си имаат работа со веќе познат вид на диносаурус, сè додека не ја виделе опашката.

„Тоа беше главното изненадување. Оваа структура е апсолутно неверојатна. Опашката беше покриена со 7 пара остеодерми, правејќи ја еден вид на оружје. Ова е апсолутно поинакво од сè што досега го познаваме за било кој вид на диносауруси“, рече Александер Варгас, еден од палеонтолозите кој го претстави новото откритие на Универзитетот во Чиле.

„Откривањето на новиот вид на оружје на опашката, на оклопниот диносаурус, беше големо изненадување за нашиот тим. Кога ќе помислите дека сте откриле нов вид на оклопен диносаурус, не очекувате дека ќе пронајдете морфологија толку различна од веќе постоечките“, рече Серџо Сото, уште еден член на тимот.

Остеодермите се коскени наслаги направени од лушпи, плочи или друг вид на структури со седиште во дермисот. Тие се порамнети на двете страни на опашката и испакнати нанадвор, наликувајќи на голем папрат, кој ако замавне лесно може да убие, велат експертите.

Палеонтолозите откриле 80% од костурот на диносаурусите и процениле дека животните живееле на тоа подрачје пред 71 до 74,9 милиони години. Диносаурусот бил долг околу 2 метри, тежок 150 килограми и бил тревојад.

 

Scroll to Top