Српската боксерка Нина Радовановиќ, победи на меѓународнот „Гранд прикс“ турнир во Загреб. Таа во финалето беше подобра од Николина Чачиќ од Хрватска, а претходно во полуфиналето ја победи Тајана Кошчак исто така од Хрватска уште по прекин во првата рунда.
Нина на сјаен начин ја заврши оваа година, откако и на Олимписките игри во Токио стигна до 1/4 финалето.
„Одлично бевме прифатени во Загреб. бевме специјални гости кај претставниците на нивниот сојуз и ни беше задоволство да имам 2 олимписки боксерки на овој турнир. Јас и мојот тим имавме одлично гостопримство. Му благодарам на Боксерскиот сојуз на Србија што ме подготвија за Светското на највисоко ниво. По веста дека Светското во Истанбул е одложено за март, овој турнир добро ми дојде за да го поплнам календарот“, рече Нина.