Неделен хороскоп од 6 до 12 декември: Ракот е со променливо расположение, Стрелецот го мачат љубовни проблеми

ОВЕН

Ве обзема идејата да покренете некоја приватна работа. Затегнатите односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да издвои екипа луѓе со кои тое е можно. Не заборавајте дека таму каде што е интересот во прв план, нема место за емоции. Ако пронајдете задоволство во работата, ќе се ослободите од грќот, а со самото тоа и од непријатната потреба нешто на брзина да промените. Преполни сте со емоции, толку да не знаете што со нив. Кога не знаете како да ги канализирате, почнувате да ја пренесувате тензијата врз околината. На удар е саканото лице, а знаете дека нема причина за тоа. Со своето променливо расположение можете непотребно да ја поткопате стабилноста на врската.

БИК

Состојбата на работа се менува, а вие останувата по страна. За вас тоа значи дека ве обземаат стравови и преиспитување дали нешто сте погрешиле. Не грижете се, тоа што вас никој не ве прозива не е лош знак, напротив. За вас е добро што моментно никому не му сметате. Потпрете се исклучиво на своите способности и бидете внимателни, ве очекуваат потешкотии со авторитети. Во центарот на вниманието е партнерот. Од некои причини нему, овие денови, му е потрена дополнителна поддршка и ваше внимание. Од вас се очекува голема толеранција, а тоа не ви поаѓа од рака. Вишокот тензија потрошете го на физички активности, со тоа ќе ги разистрите мислите и, патем, ќе смислите нова стратегија.

БЛИЗНАЦИ

Ве чека важна лекција во која морате да го совладате своето нетрпение, една од вашите главни особини кои често работат против вас. Верувате во својата интелектуална моќ, но исто така мора да бидете свесни дека е нереално дека се мора да биде готово сега и веднаш. Големите амиции можат да бидат запрени неочекувано со неповолна одлука која ве деморализира. Се чувствувате како да сте под стална контрола, а тоа е во потполна спротивност со вашиот темперамент. На саканата личност и е потребна поддршка и нема доволно разбирање за вашата хронична несериозност. Овие денови секоја премногу сериозна тема може да прерасне во отворен судир.

РАК

Се оптеретувате со мисли за други луѓе додека, истовремено, раотите по своја волја. Краен момент е да се определите – или ќе играте како другите свират, или ќе игнорирате што другите луѓе зоруваат. Финансиската состојба се стабилизира, со тоа ви стигнува и вест која може да ве загрижи. Овие денови повеќе одмарајте и бидете умерени во се. Незадоволството на љубовен план се заканува да стане причина за сериозен судир меѓу вас и саканото лице. Вистинската причина на се лежи во тоа што, веќе некое време, односот го сведовте на допишување и телефонски разговори кои стално се завршуваа на недоразбирања. Бидете стрпливи.

ЛАВ

Приведувате кон крај многу заостанати работи со кои се мачевте некое време. Конечно се надзира епилог од нешто на што многу работевте. Поволно време е за истражување и за учење. Постои извесна можност да ви стаса понуда да се приклучите на некоја организација каде што во потполност би се докажале затоа што вашата комуникативност и убедливост за таа работа може да биде драгоцена. Премногу сте емотивно вознемирен па аспектите овие денови дополнително ви отежнуваат да го сочувате мирот. Саканото лице, со наизглед безопасни коментари, дополнително ве дестабилизира па тоа се заканува да ја прелие и онака веќе наполнетата чаша. Атмосферата е навистина непријатна, но е и краткотрајна.

ДЕВИЦА

Повлековте брзоплети потези па заради тоа се најдовте во привидно безизлезна состојба. За да ги ублажите последиците, доброволно превземете одговорност и разрешете го проблемот. Во врска со тоа ве очекува разговор во текот на кој нема да ви биде воопшто пријатно. Сепак, ќе добиете нова шанса ако подготвено ја поднесете критиката и понудите логично објаснување. Со повеќе трпение би можеле да ги решите емотивните проблеми со партнерот, но не очекувајте дека тој ќе ви ги прочита мислите. Мора да бидете искрени, јасни и гласи. Какво било скратено комуницирање и штури пораки можат да бидат причини за недоразбирање кое подоцна тешко ќе го разјасните.

ВАГА

Добивате информации кои не се патоказ во која насока треба да се развива вашата кариера. Свесни сте дека е пред вас напорен период на речиси сите полиња. Полни сте со енергија и волја, а стрпливоста ве прави уште посилни. Иако од вас се очекува да вложите дополнителен труд, ако бидете истрајни, на крајот ќе бидете задоволни со постигнатиот резултат. Главна тема во вашиот љубовен живот, овие денови, се нечиите лаги и премолчувања. Неизвесноста од резултатот може да предизвика голема непријатност заради која ќе се чувствувате дури и болесно. Не се фаќајте на секоја провокација, совладајте ги стравовите затоа што новонастанатата криза е со минлив карактер.

ШКОРПИЈА

Се однесувате непромислено па беспотребно ги компликувате односите со луѓето кои ви се важни. Не наметнувајте свој став, затоа што нема да помине. Не кометирајте ги лицата кои не се присутни за да не морате подоцна да се извинувате. Поведете сметка за својата физичка кодиција, затоа што неуредиот живот и преморот земаат замав. Ако не се запрете, ви претстои сериозен пад на енергијата. Периодот ви почнува со амициозни планови. Ловете ја секоја прилика за повторно да ја наметете својата доминација на саканото лице. Тоа може да ве соочи со нови компликации во вашиот одос. Ако не се спротивставите следи сериозен конфликт. Не се залетувајте затоа што можете да излезете како губитник.

СТРЕЛЕЦ:

Финансиските прашања се во прв план затоа што изостанаа резултатите на кои сметавте. Ова е период на стагнација, па за вас е подобро навреме да се подготвите. Трпението и упорноста не ви се силна страна, а овие денови тие се повеќе од неопходни. Не обидувајте се по секоја цена да ги спроведете своите замисли во дело, погрешно е времето за тоа. Ова е еден од оние периоди кога ви се чии дека е најдобро да се повлечете. Вистинска причина за таквото расположение лежи во фактот дека ве мачи голема неодлучност заради која не успевате да се определите и да донесете вистинска одлука со која би можеле да ги решите сите љубовни недоумици.

ЈАРЕЦ

Барате начин како би ги оправдале причините заради кои се наоѓате сеуште на местото од кое многу ваши соработници одамна отишле. Трудот ќе биде награден, но заради претераната желба ешто да истерате до крај резултатот на крајот ви станува неважен. Овие денови, до вас доаѓа важна вест која битно може да влијае на резултатот на вашите деловни резултати. Саканото лице од вас очекува нешто што вам ви е неразбирливо. Размислувате за конкрети чекори за да официјализирате љубовна врска. Не донесувајте одлука под таков притисок ако не сте сигурни дека е тоа она што го сакате.

ВОДОЛИЈА

Имате премогу идеи за да го унапредите својот живот, но ниту една не е доволно силна за конечно да се одлучите. Во тоа колебање ви минува времето, а во овоиј период е важно да сфатите колку од тоа е пропуштено. Можеби некој го присвоил вашиот план и на големо го спровел во дело. Ако имате некои недефинирани односи, време е да ги разјасните. Размислувате за забави и патувања. Со мислите сте далеку од местото на боравок, па би било посакувано да се сконцентрирате, во спротивно ви следи болно враќање во реалноста. Расеани сте, не е моментот за какви било коечи одлуки, особено ако тие се однесуваат а семејни или љубови односи.

РИБИ

Стигнуваат промени во чија реализација сте имале зачајна улога. Трпението, овие денови, не ви е силна страна па извесни се тензии и ерасположение. Неопходно е работите да ги задржите под контрола и да го зауздате темпераментот, во спротивно ви следат сериозни стресови. Ако се најдете во прилика да потпишете некои документи, бидете вимателни затоа што може да ви се поткрадне грешка. Опкружени сте со луѓе кои ги привлекува вашата позитивна енергија. Заради пристојната финансиска состојба може да се случи да заборавите на својот партнер и фактот кој е навистина секогаш на ваша страна.

Scroll to Top