По интервјуто што го имаше холивудскиот актер за телевизијата ABC, во кое тој призна дека не е виновен за убиството на снимателката Халина Хачинс, Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија ги избришаа своите профили на „Твитер“.
Покрај нивните профили, избришан е профилот на нивната фондација, Hilaria and Alec Baldwin Foundation. Досега двајцата немаат дадено никаква изјава зашто ги избришале.
За потсетување, Болдвин се правдаше дека некој му ставил вистински куршуми во пиштолот со кој ја уби Хачинс, а не му кажал за тоа.
„Некој е одговорен за тоа што се случи. Не можам да кажам кој, но знам дека тоа не сум јас“, рече глумецот и додаде дека е подготвен да направи сè што е потрбено за убиствата на сетовите повеќе да не се случуваат.
Болдвин на водителот му рече дека би се убил ако почувствува дека е одговорен.
„Постојано го сонувам тој момент. Преживувам низ тоа секој ден, а потоа се срушувам на крајот од денот. Емотивно колабирам“, рече Болдвин.