Холивудскиот глумец и активист, Мајкл Шин, рече дека се што заработил досега во животот, го дал во добротовни цели. Тој рече дека веќе ја продал и куќата и се прогласи за непрофитен глумец, пренесува „Гардијан“.
Шин рече дека за него пресврт во животот била организацијата „Светско првенство за бездомници 2019“, во Кардиф. Откако пропаднале средствата за проект вреден 2 милиони фунти, тој во последен момент решил да ја продаде куќата, за да може да го финансира истиот.
„Имав куќи во Америка и Англија и тогаш ги продадов. Беше застрашувачко и неверојатно стресно. Тоа ќе го плаќам уште долго“, рече Шин за Big Issue.
Тој потоа сватил дека може и понатаму да прави добри дела и дека тоа нема никогаш финансиски да го уништи. Тој вети дека парите кои ќе ги заработува и во иднина, ќе продолжи да ги користи за финансирање на нови проекти.
Шин во 2017 година ја основаше фондацијата End High Cost Credit Alliance, за да им помогне на луѓето во потрага по пристапни начини на поседување на пари. Тој вети 50.000 фунти стипендии за студентите во Велс, кој ќе се запиштат на Универзитетот во Оксфорд.
За потсетување, Шин се прослави во улогите на „Самрак: Зора“, „Фрост / Никсон“ и „Кралицата“ и е покровител на голем број британски добротворни организации, a e и гласен поддржувач на Лабуристичката партија.