Тристан барал од неговата љубовница да абортира и да молчи за тоа

Поранешниот свршеник на Клои Кардашијан, НБА ѕвездата Тристан Томпсон, барал од неговиот личен тренер, Марали Николс со која чекал бебе, да абортира и да молчи за тоа, пишува „Дејли Мејл“. Таа забременила додека Тристан бил Клои, по што НБА кошаркарот сега го чека 3 дете.

Според судските документи, Тристан и Марале имале сексуален однос во Хјустон во Тексас за време на една прослава за неговиот 30 роденден. Тоа се случило додека тој сè уште бил со Клои, со која има 3 годишна ќерка.

Николс сега бара од Тристан да плаќа за издржување на детето, како и надокнада за медицинските трошоци и трошоци поврзани со бременоста. Томпсон признал дека имал секс со неа, но, негира дека се дружеле пред и по забавата.

Адвокатите на Николс тврдат дека аферата започнала најмалку 5 месеци пред прославата. Во меѓувреме, TMZ дошол до посед на смс-пораки од Тристан, кој ѝ ги испраќал на Николс, а во кој пишува дека ѝ нуди 75.000 долари за да молчи и да ја прекине бременоста.

„Ако мислиш дека ова ќе ти донесе пари, грешиш. Свесна си дека се повлекувам оваа сезона. Ова е Тексас, па алиментацијата ќе биде само неколку стотина долари. Затоа ти е подобро да ги земеш овие 75.000 што ти ги давам, затоа што нема да добиеш ни приближно толку пари со невработен татко на детето. Ќе имаш само дете со татко кое нема да биде вклучен во неговото растење и со неколку стотина долари месечно“, пишува во пораката.

 

Scroll to Top