Холивуд лошо влијаеше на моето ментално здравје, морав да побегнам од таму, рече глумецот Џош Хартнет

Глумецот Џош Хартнет за Channel Seven Sunrise, рече дека Холивуд лошо влијаело на неговото ментално здравје и дека затоа тој морал да избега од таму. Тој вели дека подобро му е кога е подалеку од Холивуд и дека затоа се повлекол и од јавноста.

Хартнет е познат по филмовите „Перл Харбор“ и „Падот на Црниот сокол“, кои го издигнаа високо во Холивуд, но и покрај тоа, тој пред 20 години реши да се повлече.

„Мојот поглед на Холивуд секогаш се движеше меѓу фрустрации и нивното прифаќање“, рече тој.

Тој вели дека не исчезнал од филмската индустрија, туку одбил да глуми во разни филмови од висок профил и дека продолжил со работа на филмови кои се повеќе од само забава и дека се посветил на мирниот семеен живот.

„Жалам само што на самите почетоци во кариерата одбив да глумам во филмот Brokeback Mountain“, рече Хартнет, кој објаснил дека тогаш ја изгубил можноста да го бакне Џејк Џиленхол, а таа улога подоцна ја добил Хит Леџер.

Со сопругата Тамсин Егертон, на крајот на 2019 година тој го доби третото дете.

„Горд сум што сум татко на 3 деца и што имам сјаен однос со партнерката“, рече тој и се надоврза дека не жали што ги одбил улогите на Супермен и Бетмен.

 

Scroll to Top