Приведен Бака Прасе заради смртта на инфлуенсерката Кика Ѓукиќ

Српскиот инфлуенсер Богдан Илиќ, познат и како Бака Прасе, моментално е во просториите на Одделот за високотехнолошки криминал на МВР, каде ќе даде изјава за сите нему познати околности поврзани со смртта на инфлуенсерката Кристина Кика Ѓукиќ (21) од Белград, пренесуваат српските медиуми.

Засега е на распит како граѓанин, а не како осомничен, па во понатамошната истрага ќе се утврди дали има врска со смртта на инфлуенсерката.

Специјалното обвинителство упати барање до тамошното МВР да ги собере потребните информации за други околности кои се важни за утврдување на целосната фактичка состојба во врска со трагичниот настан.

За потсетување, изврши самоубиство поради долгогодишното малтретирање кое го трпеше на социјалните мрежи. Таа беше една од омилените српски гејмерки, јутјуберки и инфлуенсерки кај помладата популација. Таа во март 2015 година го лансираше својот YouTube канал каде секојдневно објавуваше клипови во кои играше една од најпопуларните игри. .

 

Scroll to Top