Американската писателка Ен Рајс, која го напиша романот „Интервју со вампирот“, почина на 80 години од срцев удар.
Рајс е автор и на една од најпопуларните серии на книги „Вампирски хроники“, а инспирираше многу други писатели да пишуваат во истиот жанр.
Романот „Интервју со вампирот“ го напиша 1976 година. Многу години подоцна таа откри дека додека го пишувала овој роман, успеала да се избори со депресијата, која се појавила по смртта на нејзината шестгодишна ќерка.
„Интервју со вампирот“ е продаден во над 150 милиони примероци низ светот, а беше снимен и филм со Бред Пит и Том Круз во главните улоги.