Хороскоп за 14 декември: Близнаците се спремни за врска на далечина, Девицата е во дилема

ОВЕН

Потребно ви е време за да може да донесете конечна одлука на деловно поле. Ви недостига личноста со која сте раскинале неодамна и на некој начин сонувате за неа. Можни се проблеми со несоница.

БИК

Важно е да се организирате најдобро што можете во текот на денешниот ден бидејќи ќе имате многу обврски. Односот со саканата личност е многу напнат и тоа ве оптоварува. Имате впечаток дека се ближи крајот. Исцрпени сте.

БЛИЗНАЦИ

Не сте задоволни од околностите на работното поле и тоа ве обесхрабрува. Ви се допаѓа личност што не живее на исто место како вас. Подготвени сте за врска на далечина. Можни се проблеми со коските.

РАК

Денес нема да имате многу обврски. Може да очекувате дека ќе имате време и за одмор. Заинтересиран сте за некоја минлива авантура, но не би сакале ништо повеќе од тоа моментно. Можни се проблеми со зглобовите.

ЛАВ

Го давате својот максимум за да можете во догледно време да напредувате на ова поле. Работата за вас е многу важна. Можно е помеѓу вас и саканата личност да постои некој трет. Полека ги составувате коцките. Менувајте ги лошите навики.

ДЕВИЦА

Можно е да не сте сигурни за која работа да се одлучите. Имате две понуди и потребно е да направите добра калкулација. Постојат помали проблеми во комуникацијата со вашиот партнер, но ако се потрудите, ќе ги решите. Потребен ви е сон.

ВАГА

Неопходно е да поработите на комуникацијата во работното опкружување за да успеете да ја задржите стабилната атмосфера. Можно е да ви пречи тоа што саканата личност повеќе време посветува на работата отколку на вас. Добро би ви дошла масажа.

СКОРПИЈА

Доколку не сте доволно посветени на работата, може да очекувате проблеми на ова поле. Постојат луѓе што зависат од вас. Партнерот ви е верен и посветен, а за возврат не бара ништо помалку од тоа. Можна е настинка.

СТРЕЛЕЦ

Бидете внимателни кому ја давате својата доверба. Можно е да се случи да се опкружите со погрешни луѓе. Ве очекува интересна ситуација на полето на флертот. Може да се надевате на интересно запознавање со некоја личност. Занимавајте се со спорт.

ЈАРЕЦ

Не ви е лесно да ги завршите сите обврски што ви се наметнуваат. Пред вас е прилично напорно темпо на ова поле. Можно е да ви се допаѓа една личност што на почетокот ќе ви изгледа антипатична. Чувствителен желудник.

ВОДОЛИЈА

Не сте задоволни од својата работа и полека се подготвувате да побарате некоја нова можност за себе на ова поле. Доколку сте во брак, може да очекувате расчистување на недоразбирањата со саканата личност. Кожата ви е чувствителна.

РИБИ

Загрижени сте за својата заработка и честопати ви се чини дека некои работи одат во погрешна насока. Ви се допаѓа една личност за која не сте сигурни дали исто така развива симпатии кон вас. Потребен ви е одмор.

Scroll to Top