Бившата девојка на Баз од „Сам дома“ го обвини глумецот за насилство

Поранешната девојка на Девин Ратреј, познат по улогата на Баз од „Сам дома“, го пријави глумецот за насилство, пренесоа американските медиуми. Таа поднела пријава во полиција по инцидентот што се случил минатата недела.

Таа вели дека Девин ја удирал со тупаници по лицето и ја ставал раката на устата и се обидел да ја задуши. Инцидентот се случил во хотел во Оклахома Сити. Полицијата стинала по добиената пријава, но велат дека дошле кога работите се смириле. Тогаш не било подигнато обвинение.

Адвокатот на Девин рече дека немало никакво физичко насилство.

За потсетување, Девин се прослави во 90-тите како детски глумец во првите два филма на „Сам дома“. Тој го глумеше Баз Мекалистер, насилникот на помладиот брат Кевин, кој го глумеше Меколи Колкин.

Ратраи годинава ја повтори улогата на Баз во новиот филм на „Дизни“, Home Sweet Home Alone. Во неодамнешното интервју за People тој рече дека повторно подготвува собирање на оригиналните актери од „Сам дома“.

„Семејството постојано се сели за повторно да се собере. Којзнае што ќе се случи во иднина?“, рече Девин.

 

Scroll to Top