Бои што го прават секое модно парче полуксузно и поскапо

Време е да почнеме да размислуваме за комбинации на облека што ќе нè згреат, но тие да бидат совршено стилски усогласени.

Експертите откриваат кои бои ја прават секоја облека полуксузна и поскапа. Има некои тонови што сами по себе се поврзуваат со моќ и луксуз, па доколку сакате да оставите впечаток на успешна дама, изберете парчиња во овие нијанси.

Кафеава

Велат дека кафевата е новата црна и дека е дозволено да се комбинира со сите други бои.

Сенф-боја

Оваа боја е топла, па ќе внесе малку спокојство во овие мрачни денови, а воедно ќе направи секоја облека да изгледа елегантно. Оваа убава боја особено им одговара на бринетите и на црвенокосите жени.

Зелена

Зелената е боја што ја обожаваат на терените, па не е чудно што се поврзува со елеганција и моќ. Само едно парче во оваа боја ќе направи да изгледате феноменално, особено со потемните нијанси на оваа боја.

Сите нијанси на беж

Бежовата е онаа што оди со сè и добро им стои на бринетите и на русокосите, но и на црвенокосите и на црните девојки. Нема ништо лошо во тоа. Особено е популарна оваа сезона, па нема да ви биде тешко да најдете соодветни парчиња во оваа боја.

 

Scroll to Top