По обвинувањата за силување, Рајан Рејнолдс ги избриша сите заеднички објави и реклами со ѕвездата од „Сексот и градот“ Крис Нот

Глумецот Рајан Рејнолдс ги избриша сите сите заеднички објави на социјалните мрежи и реклами во кои соработува со Крис Нот. Рејнолдс ова го направи откако ѕвездата од „Сексот и градот“ беше обвинет за силување од страна на две девојки во Лос Анџелес и Њујорк.

Истото го направија и од компанијата „Пелотон“ од каде беше повлечена новата реклама со двајцата глумци. Во рекламата се промовираше фитнес точакот кој го вози Нот, а тој ја прашува инструкторката Џес Кинг, која во серијата се појавува како „Алегра“, дали сака да се повозат заедно. Таа му одговара дека со задоволство би пробала затоа што животот е прекраток.

Во рекламата се слуша и гласот на Рејнолдс кој на крајот вели „Тој е жив“, реферирајќи на смртта на неговиот лик „Фаца“ во серијата.

Од компанијата прво рекоа дека ја објавиле рекламата за да ги санираат штетите кои ги претрпеле за време на емитувањето на новата епизода на Sex and the City: And Just Like That.

За потсетување, нивните акции паднале за 61%, откако Нот кој го глуми ликот на „Фаца“, во новата епизода доживеа срцев удар и починал. Сега портпаролот на „Пелотон“, рече дека тие не биле свесни за обвинувањата кога ја правеле рекламата.

„Секое потенцијално обвинение за сексуален напад мора да се свати сериозно. Ние не бевме запознати со овој случај кога го претставивме Нот во реклата. Додека чекаме повеќе информации, престанавме да ја емитуваме и ги повлековме постовите поврзани со неа од социјалните мрежи“, рече портпаролот на „Пелотон“.

Инаку Крис Нот категорично ги отфрли сите обвинувања за сексуален напад.

„Обвинувањата против мене кои поединци ги изнесуваат со години, па дури и децении се лажни. Овие приказни можат да бидат од пред 30 години или пред 30 дена. Не за мене секогаш ќе значи не и тоа е границата која никогаш ја немав поминато. Средбите беа согласни. Тешко е да не се спомене прашањето на времето кога излегоа овие обвинувања. Не знам со сигурност зошто баш сега се појавуваат, но, со сигурност знам дека јас ги немам нападнато тие жени“, рече Нот.

 

 

Scroll to Top