Трета жена го обвини Крис Нот за сексуален напад: Мислев ќе престане кога му реков дека не сакам секс

Откако две жени јавно кажаа дека актерот Крис Нот ги силувал, сега и трета жена го обвини за сексуална злоупотреба. Девојката, која го користи псевдонимот Ава, во разговор за „Пејџ сикс“ вели дека глумецот ја нападнал кога имала 18 години.

„Ме нападна во ресторан во 2010 година. Се чувствував како јас да сум единствената личност на светот која слушна како кажувам не. Се обидов да го оттурнам, но тој беше премногу силен за мене“, рекла 30-годишната Ава.

Таа решила јавно да проговори откако во странските медиуми прочитала дека две други жени имале слично искуство како неа, а тоа ѝ дало храброст да ја раскаже својата приказна. Едната го обвини за сексуална злоупотреба во 2004 година, а другата во 2015 година. Актерот веднаш ги отфрли сите обвиненија.

Ава имала 18 години и работела како водителка и пејачка во италијанскиот ресторан „Да Марино“ во Њујорк, кога се случил инцидентот. Нот тогаш имал 55 години и го посетувал ресторанот, обично пијан. Тие двајца често пееле таму заедно, рекла Ава за медиумите. Таа раскажала дека еднаш му се придружила на Нот на маса каде што зборувале за нејзината кариера и нејзиниот роден град Торонто.

„Ги сакам Канаѓаните ми велеше тој, додека ме фаќаше и влечеше да му седнам во скутот. Околу еден часот по полноќ, откако ресторанот се затвори, менаџерот ми рече дека ќе ми плати во задната канцеларија на ресторанот. Дојдов таму, си го зедов палтото и парите, но одеднаш Крис влезе во канцеларијата и ги исклучи светлата. Се однесуваше како намерно да влеговме во канцеларија заедно“, рекла таа, опишувајќи го актерот како тежок и силен.

Нот наводно почнал да ја бакнува, ја приближил до бирото во канцеларијата и ја допирал. Таа вели дека се префрлила на столот за да може да го оттурне со рацете и нозете.

„Не ме слушаше кога реков дека не сакам секс, но ме слушна кога реков ‘не овде’. Го уверив дека ќе се сретнеме на друго место. Сите екстремитети ме болеа утрото“, рекла таа.

Нот рече дека приказната на Ава е целосно измислена.

„Крис воопшто не ја познава оваа личност и, како што веќе беше кажано, тој не ја поминал и никогаш не би ја преминал границата на тој начин“, изјавил неговиот пиар за медиумите.

Ѕвездата на „Сексот и градот“ Крис Нот обвинет за силување

Scroll to Top