Сега може со воз да се патува од Португалија до Сингапур, а попат да се посетат Париз, Москва и Пекинг

Од португалскиот град Лагуш до Сингапур сега може да се патува со воз, а попатно да се посетат неколку светски метрополи, меѓу кои Париз, Москва, Пекинг и Бангкок. Ова стана можно откако на 2 декември беше отворена нова секција од брзата пруга во Лаос, која ги поврзува главниот град Виентијан и кинескиот град Кунминг.

Оваа линија е долга 414 километри, а се градеше пет години и сега го овозможува најдолгото непрекинато патување со воз на светот.

Според анализите и пресметките што ги направи британскиот блогер за железнички патувања, Марк Смит, и корисници на Редит, патувањето е долго 18.755 километри и може да се заврши за 21 ден. Се проценува дека патувањето Португалија-Сингапур би чинело околу 1.200 евра за билети.

За да се пропатува оваа маршрута, треба да се помине низ 13 држави, како Шпанија, Полска и Белорусија во Европа и Монголија, Тајланд и Малезија во Азија.

 

Scroll to Top