Се продава првата СМС порака на светот

Британската телекомуникациска група „Водафон“ ќе ја понуди на аукција првата СМС порака на светот. Порака која гласи „Среќен Божиќ“ била испратена на 3 декември 1992 година, а ја примил Ричард Џарвис, тогашен вработен во компанијата.

Пораката ќе се продава на 21 декември како дел од добротворната онлајн аукција што ја организира француската аукциска куќа Aguttes.

Според британските медиуми, купувачот на таканаречениот незаменлив токен ќе добие единствена реплика од оригиналниот комуникациски протокол. Приходот „Водафон“ ќе го донира за помош на раселените лица, односно средствата ќе бидат насочени кон Обединетите Нации.

 

Scroll to Top