Ѕвездите од „Сексот и градот“ со поддршка на жените што го обвинија Ѕверката за силување

Ѕвездите од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, застанаа на страната на девојките што го обвинија Крис Нот за сексуално вознемирување.

Трите на „Инстаграм“ ги пофалија за храброста јавно да излезат и да ги споделат своите болни искуства.

„Многу сме тажни за тоа што ги слушнавме обвинувањата против Крис Нот. Ги поддржуваме жените што се јавија и ги споделија своите болни искуства. Знаеме дека им било многу тешко и сакаме да ги пофалиме за тоа што го раскажаа пред јавноста“, рекоа трите глумици.

За потсетување, минатата недела две жени го обвинија Крис Нот, познат по улогата на Ѕверката во „Сексот и градот“, за сексуално малтретирање. Тие обвинија дека тој сексуално ги нападнал во Лос Анџелес во 2004 и во Њујорк во 2015 година.

Потоа се јави и трета жртва, која тврди дека Крис сексуално ја нападнал кога таа имала 18 години во ресторанот во кој работела како пејачка и хостеса. Таа рече дека Крис често доаѓал пијан.

Глумецот ги демантира сите обвинувања.

„Обвинувањата против мене што поединци ги изнесуваат со години, па и децении, се лажни. Овие приказни може да бидат и пред 30 години или пред 30 дена. Кога девојка за мене ќе каже – не, тоа секогаш за мене ќе значи – не. Средбите беа на доброволна основа. Тешко е да не се спомене времето во кое сето ова се случува. Не знам со сигурност зошто сега се појавуваат, но знам дека јас не ги имам нападнато тие жени“, рече Нот.

 

Scroll to Top