(Видео) Кеба кој паѓаше во транс по снаата, сега не сака ни името да и го спомне

Драган Којиќ Кеба кој зад себе има многу хитови, наскоро ќе објави и нова песна, дует со пејачка која се уште е не е позната за јавноста. Тој се појави на снимањето на новогодишната програма. Додека со воодушевување зборуваше за новата песна, откри дали жали што не сними дует со поранешната снаа Северина Вучковиќ, која е голема ѕвезда на естрадата.

Во продолжение откри како се чувствува неговиот син Игор Којиќ по разводот, но и колку е здрава неговата сопруга Оља.

-Ве поканувам сите, ќе биде добро дружење и добри интервјуа – рече Кеба на прашањето за промоцијата на новата песна, а на прашањето за дуетот со Северина веднаш го смени тонот и одговори  кратко, не сакајќи да го спомне името на поранешната снаа.

„Зборуваме за дуетска песна со девојка по име Марина“ – кратко рече тој. Пред две години кога Северина и Игор се уште во брак, Кеба во јавноста кажуваше дека ја има најдобрата снаа. Најавуваше дует ,  па дури и во едно заеднчко шоу, Северина со солзи кажа дека го сака како татко.

Неодамна Игор се разведе од Северина, а на прашањето како е неговиот син, вели :

– Не знам, пронајдете го и прашајте го. Добро е. Ако видите насмевка на моето лице, тоа значи дека е добро. Сите се добро – изјави Кеба.

Scroll to Top