По шпекулациите на социјалните мрежи дека сопругата на францускиот претседател, Емануел Макрон, е родена како маж, Брижит ќе го тужи иницијаторот на оваа теорија на заговор. Таа реши на суд да докаже дека не е, ниту дека некогаш била машко, пишува „Ле Фигаро“.
Контроверзната теорија беше објавена во еден екстремно десничарски магазин во септември, а се тврдеше дека ова сознание е резултат на тригодишна истрага поддржана од многу експерти, пишува „Си њуз“.
Магазинот на 12 страници опишува низа теории за јавни личности, меѓу кои е и првата дама на Франција, за која се вели дека е родена како машко по име Жан-Мишел Троње, пренесува „Дејли мејл“.
Медиумите и претходно ја напаѓаа Брижит, а во 2017 година едно сатирично француско радио ја нарече „Барби во менопауза“. За време на последната претседателска кампања се пишуваше дека бракот на Макрон со неа бил лажен бидејќи Емануел наводно е хомосексуалец, кој наводно имал афера со Метју Гејл, првиот човек на Радио Франс.
„Дејли мејл“ објави дека Брижит индиректно открила и некои детали од сексуалниот живот со Макрон. На новинарско прашање дали тој е добар политичар, таа одговорила дека не постои ниедна област во која нејзиниот сопруг не е добар, па многумина ова го протолкуваа и како индиректен коментар дека тој е добар и во креветот.
Новите шпекулации за Брижит се појавија само неколку месеци пред претседателските избори во Франција, што се одржат во април в година. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Макрон ќе добие втор мандат иако тој официјално не се изјаснил дали ќе се кандидира.