Црногорецот Раде Барјактаровиќ, кој е страстен навивач на Црвена звезда, си го претворил целиот свој дом во музеј на белградскиот клуб. За него соседите велат дека е најголемиот „звездаш“ на планетата. Живее во местото Беране и уште од мал навива за овој српскиот клуб.
Тој од својот семеен дом направил еден вистински музеј на Звезда. Живее на улицата Љутица Богдан 1а. За разлика од другите музеи во Србија, неговиот не е отворен за постојани посети. Нема влезници за посета затоа што Раде живее во него со семејството.