Во Нови Сад вчера беше претставено идејното решение за музејот што ќе биде посветен на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ. Идејното решение го претставија неговата сопруга Оливера и градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ.
„Ѝ ветив на внуката Симона дека на нејзиниот роденден, во име на оние девет свеќи на тортата, заедно ќе го откриеме она на што работев претходните месеци. Сѐ уште не го знае значењето на зборот фондација, но ќе се обидам да ѝ објаснам дека тоа е установа поради која се трудиш сѐ што ти е доверено да го работиш доследно и одговорно, од ден на ден“, напиша Оливера.
Вели дека Фондацијата е основана во име на внуците.
„Она што ќе се чува под куполата на Алеата на соништата ќе биде формулата за љубов и добрина како своевидни патокази што им ги постави нивниот Ѓоле, како што го викаа. Тема на мојата приказна е музеј, салаш ни на небо ни на земја. Во римата секогаш сѐ ќе биде по старо, само клинците ќе бидат нови – во Љубљана, Скопје, Загреб, Сараево, Бања Лука, Крагујевац, Нови Сад…, е објавено на фејсбук-страницата на Оливера.
View this post on Instagram