Српскиот пејач и композитор Александар Милиќ Мили за првпат јавно проговори зошто ја прекинал долгогодишната соработка со Цеца Ражнатовиќ, на која заедно со покојната Марина Туцаковиќ и ги напиша најголемите хитови во кариерата во интервју за Курир Старс.
Тој откри дека на Цеца ѝ платил настапот на концертот на Ушче 600.000 евра.
„Нарушениот деловен однос меѓу мене и Цеца значеше и нарушена деловна атмосфера. Јас сум човек кој ги исполнува своите ветувања до бесвест. Не можам да ветам нешто што не можам да го исполнам. Јас сум таков човек. Штом се појави некаква неблагодарност и потценување во соработката, не можам да продолжам со тоа. Веднаш „излетав“ од тој проект, немав никаква тактика кога се работи за такви работи. Јас и Цеца ја прекинавме соработката од за мене нејасни причини, само ден по концертот на Ушче. Јас не сум виновен за тоа бидејќи не зависи од мене. Направив хит албум и платив за Ушче 600.000 евра, се распаднав за тоа“, вели Мили.
Засега нема никаков одговор од Цеца. Таа на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ рече дека го тужи Милиќ и дека тој е оној кој ѝ должи многу пари.