Уапсен Баз од „Сам дома“ за напад на неговата девојка

Глумецот Девин Ратреј познат по улогата на Баз во комедијата „Сам дома“ е уапсен за напад на неговата девојка. Двајцата гостувале на еден дводневен настан во Оклахома, каде Девин бил претставен како ѕвезда.

Тој ѝ се налутил затоа што не ѝ го наплатила автограмот кој ѝ ги дал на една негова обожавателка. Расправијата продолжила во хотелската соба каде Девин се обидел да ја задави. Полицијата го уапсила и сега тој се соочува со обвинение за семејно насилство, злоставување и давење.

„Кога дојвовме жртвата имаше проблеми со дишењето. Таа вели дека Девин ѝ ја покрил устата со раката ѝ се обидел да ја задави“, е наведено во официјалната изјава.

„Вака ќе умреш“, наводно ѝ рекол Девин кога се обидел да ја задави. Неговата девојка успеала да се извлече гризејќи го за раката. Кога престанал да ја дави тој почнал силно да ја удира. Извор од полицијата за „Фокс њуз“, рече дека на крајот глумецот самиот се предал.

Тој бил пуштен од притвор откако платил 25.000 долари. Девин ги негира сите обвинувања. За потсетување, глумецот е познат по улогата на постариот брат на Кевин Мекалистер во божиќниот филм „Сам дома“ од 1990 година, во кој главната улога ја толкува Макалај Калкин.

 

 

Scroll to Top