Капитенот на Детроит Ред Вингс, Дилан Ларкин, се понуди да му го плати пивото на еден навивач на трибините што го истури додека хокеарите на мразот се загреваа.
Дилан покажа емпатија кон него бидејќи се почувствува одговорен. Мажот го истури пивотот кога Дилан удри во заштитното стакло и го исплаши. Хокеарот веднаш стигна до клупата и го повика економистот на неговиот тим да му побара 20 долари, а потоа парите му ги даде на навивачот.
За потсетување, мечот меѓу Ред Вингс и Њујорк Ајландер заврши со победа на домашниот тим од 2:1. Еден гол даде и Ларкин.