(Видео) Кејт Мидлтон со Том Вокер свиреше пијано на Божиќниот концерт

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (39), ја изненади јавноста со своите музички вештини на концертот „Заедно за Божиќ“, откако му се придружи на шкотскиот пејач и текстописец Том Вокер за време на изведбата на песната „За оние кои не можат да бидат тука“ и засвири пијано. Настапот со гудачки квартет е снимен во Вестминстерската опатија во четвртокот.

Вокер за магазинот Town and Country. изјави дека тоа било неверојатен ден за него. Тој е воодушевен од настапот на војвотката и смета дека таа му дала кралско значење на настапот.

„Не е лесно да седнеш пред пијано со куп музичари со кои никогаш не си свирел, и тоа пред во живо, а таа извонредно отсвири“, рече тој.

Кејт почнала со часови по пијано уште кога била млада.

Војводтката го организираше божиќниот концерт за да ја покаже својата благодарност до лидерите на заедницата во Англија кои беа во првите редови во справувањето со пандемијата, исто така. Покрај Вокер, настапија и поп-ѕвездите Леона Луис и Ели Гулдинг, кои ја покажаа

„Поминавме низ толку мрачно време. Видовме толку многу предизвици, ги загубивме нашите најблиски. Ги видовме нашите работници од првата линија под огромен притисок. Исто така, бевме поемотивно и социјално дистанцирани и изолирани едни од други“, рече таа.

„Но, претпоставувам дека преку таа разделба сфативме и колку ни требаме еден на друг и како чиновите на љубезност и љубов навистина можат да ни донесат утеха и олеснување во време на неволја“, додаде Мидлтон пред концертот.

 

Scroll to Top