Два месеца откако Ким Кардашјан се пресели во Хидн Хилс, Калифорнија, нејзиниот поранешен маж Канје Вест купи куќа директно од другата страна на улицата, пишува „Њујорк пост“.
За куќата со пет спални соби и четири бањи, Вест платил 4,5 милиони долари, 421.000 долари над бараната цена на продавачот. Куќата се појави на пазарот на недвижности првпат по 67 години на 1 декември и Вест веднаш ја купи.
Близок пријател на Канје за „Њујорк пост“ рекол дека Канје сака да биде во близина на своите деца.
„Тоа е само едноставна логистика за тој да биде блиску до своите деца и да има пристап до нив веднаш“, рекол истиот извор.