Српска манекенка омажена за шеик: Јас сум повампирена Хурем, а маж ми има 100 жени во харемот

Србинката Јелена бин Драи стана популарна како мис Југославија. Таа повеќе од десет години живее во Дубаи, каде што се омажи за шеикот Саид бин Драи, чие богатство се проценува на две милијарди долари. Двојката има и три деца – деветгодишна Асја, едногодишната Хилал и шестгодишната Хамдан. Сепак, со оглед на фактот дека е во брак со шеик, Јелена честопати наидува на многубројни навреди и стереотипи, како тоа дека е „сиромашна жена во харем“, за што зборува во интервјуто за српски „Телеграф“ нарекувајќи се себеси „повампирена Хурем“.

„Да бидам искрена, ако фрлав камен на секое куче што ме лаеше, немаше да стигнам далеку“, изјави поранешната мис, сега успешна претприемачка, која исто така се пошегува со коментарите на социјалните мрежи за тоа како живее во харемот.

„Секако дека живеам во харем. Јас сум повампирена Хурем. Мојот сопруг е султан величествениот, тоа веќе го знаете и, за среќа, има 100 други жени, така што не мора да се занимавам со него и да го гледам секој ден во текот на оваа пандемија“, раскажаува Јелена за својот живот во Дубаи.

Потоа додаде: „Не сум сигурна за каков успех мислите. На деловниот или затоа што добро се омажив?“, вели Јелена, која еднаш годишно ја посетува Србија. Со оглед што е во брак со муслиман, таа наидува на навреди во Србија, па вели:

„Доаѓам во Србија кога ми дозволуваат обврските поврзани со палатата и кога сакам свински уши и опашки, само се надевам дека султанот нема да го прочита ова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Bin Drai (@jelenabindrai)

Scroll to Top