(Фото) Британските медиуми објавија фотографија од момчето кое сакаше да ја убие кралицата

Британските медиуми објавија фотографија од момчето кое сакаше да ја убие кралицата. Џасванта Синг Чаил (19) од Саутемптом беше уапсен на Божиќ, кога со скала се обидел да ја искачи оградата во палатата и да ја убие кралицата Елизабета. Тој носел бела маска и црни тренирки.

„Жал ми е за тоа што го направив и тоа што ќе го направам. Ќе се обидам да ја убијам кралицата Елизабета. Ова е одмазда за оние кои загинаа во масакрот во 1019 година. Одмазда за оние кои беа убиени, понижени и дискриминирани поради нивната раса. Јас сум индиски Сики. Моето име беше Џасванта Синг Чајл, а сега е Дарт Џоунс“, рече тој во видеото на „Снепчет“.

Момчето прво бил забележано на безбедносните камери. Тој користел скала со која успеал да ја прескокне оградата и да влезе во резиденцијата на кралицата, во која во тој момент биле принцот Чарлс и неговата сопруга Камила.

Scroll to Top