(Видео) Маскиран маж се закани дека ќе ја убие кралицата

Откако 19-годишниот Џасванта Синг Чаил беше уапсен во замокот Виндзор, британските медиуми објавија видео каде што тој се заканува дека ќе ја убие кралицата Елизабета. Џасванта снимката им ја испратил на пријатели преку Снапчет во 8:06 на Божик, а 24 минути потоа е уапсен. Тој бил уапсен на 500 метри од приватната соба на кралицата. Чаил бил вооружен со самострел, а преку оградата на дворецот се качил со скали направени од јаже.

На објавеното видеот, Џас зборува со изменет глас, лицето му е покриено со маска инспирирана од серијалот „Војна на ѕвездите“.

„Жал ми е за она што го направив и што ќе го направам. Ќе се обидам да ја убијам Елизабета, кралицата на кралското семејство. Ова е одмазда за оние кои загинаа во масакрот во Џалијанвала Баг во 1919 година. Тоа е исто така одмазда за оние кои беа убиени, понижени и дискриминирани поради нивната раса. Моето име беше Џасвант Синг Чил, сега се викам Дарт Џонс“, рече тој.

Осомничениот тинејџер е третиран според Законот за ментално здравје затоа што лекарите го прогласија дека е неспособен за судење. Сепак, според британските медиуми, тоа што Џасвант однапред го испратил видео, отвора нова димензија на случајот и тој најверојатно не е психички болен.

Scroll to Top