Според наводите на американското вселенско заповедништво, дел од руска ракета неконтролирано влегла во Земјината атмосфера и претставувала закана за населените места.
Руските власти во понеделникот на 27 декември, од вселенската кула Плесецк, ја лансирале ракетата Angara-A5. Целта на овој проект биле тестирањето на новата ракета позната како Persei.
Експертите велат дека повеќето делови од вселенските остатоци изгоруваат при влегувањето во Земјината атмосфера и дека не претставуваат никаква опасност, но, постои можност да поголемиот број од деловите предизвикаат закана ако паднат во населени места, пренесува „Си-ен-ен“.
Американското вселенско заповедништво соопшти во средата дека ракетата повторно влегла во Земјината атмосфера на подрачјето над Тихиот океан, но, дека ќе биде многу тешко да се утврди каде точно паднале остатоците.
Холгер Краг, шефот на Канцеларијата за вселенски отпад, од Европската вселенска агенција ESA, рече дека дел од руската ракета вчера влегол во атмосферата со брзина од 7,5 километри во секунда.
„Иако беше мала веројатноста ракетата да предизвика штета или да повреди некого, ризикот беше реален и тоа не може да се занемери“, рече тој и додаде деа дел од ракетата бил тежок околу 4 тони и долг 10 метри.
Краг рече дека руската ракета не требало на овој начин да влезе во Земјината атмосфера.
„Требаше да остане во орбитата и таму да остане наредните 1000 години“, рече Краг.