(Видео) Уметник направил слика со конец долг 6 километри и сруши Гинисов рекорд

Уметникот Саед Хавеиди од Ирак, го сруши Гинисовиот рекорд за најголемо уметничко дело направено само од игла и конец. Со ова дело тој вели дека сакал да им одде почест на пациентите со витилиго, болест која кај пациентите се појавува со бели дамки на кожата.

Од Гинис објасниле дека биле одредени строги критериуми за соборување на овој рекорд, и дека сликата морала да се направи само со еден конец.

Оваа слика е избрана и за да ја подигне свеста и знаењето кај пациентите со витилиго, за да го прифатат начинот на кој изгледаат и пред светот да се појават такви какви што се, со нивната убавина и истовремено болест.

Сликата е направено со речиси 500 клинци и 6637 метри конец и ја прикажуваа арапската инфлуенсерка Луџаин Салех, која боледува од витилиго.

„Како што гледате сликата е прекрана, а контактот со Луџаин Салех беше направен преку членовите на Гинисовата книга на рекорди, кои се координираа со неа“, рече Хавеиди.

Scroll to Top