Актерот Џош Духамел (49) се сврши со Одра Мари (28) по две години врска.
Џош сподели нивна заедничка фотографија на плажа, а на која се гледа како држи рачно напишана порака на која пишува „Одра Дајен Мари ќе се омажиш ли за мене?“
Објавата ја наслови: „Се случи! Таа најде порака во шише исфрлено на брегот и рече да“.
Џош претходно беше оженет со пејачката Ферги (46), која напиша „честитки“ во коментарите.