Џош Духамел со порака во шише ја побара Одра Мари за жена

Актерот Џош Духамел (49) се сврши со Одра Мари (28) по две години врска.

Џош сподели нивна заедничка фотографија на плажа, а на која се гледа како држи рачно напишана порака на која пишува „Одра Дајен Мари ќе се омажиш ли за мене?“

Објавата ја наслови: „Се случи! Таа најде порака во шише исфрлено на брегот и рече да“.

Џош претходно беше оженет со пејачката Ферги (46), која напиша „честитки“ во коментарите.

Scroll to Top