Рускиот тајкун Роман Абрамовиќ го има најскапиот авион во светот, Боинг 787-8. Авионот го купи за цена од 300 милиони долари, а дополнителни 102 милиони долари потрошил за негово доопремување.
Авионот е опремен со гардероба, телевизор и многу други скапи додатоци, како кабини за гости, луксузна трпезарија и посебна дневна соба. Само бањата е со површина од 230 квадратни метри.
Авионот е произведен пред седум години за швајцарска компанијата PrivatAir, која во 2018 година поднела барање за стечај. Во него има место за 50 патници. Од нив десет се безбедносни седишта, десет се за персоналот и триесет за гости.
За да резервирате еден час лет овој авион потребни ви се најмалку 74.000 долари. За 8 часовен лет од Лондон до Њујорк ќе ве чини околу 600.000 долари.
Ова е вториот приватен авион на Абрамович. Тој веќе поседува Боинг 767-33 вреден 80 милиони долари кој е направен со златни елементи, има сала за забави, противракетен систем и многу повеќе.
Тој е сопственик и на мегајахтата Соларис од 610 милиони долари, која се состои од 48 кабини на осум палуби и е безбедна како Air Force One.
Абрамовиќ со новиот најскап авион, сега ја прошири неговата колекција вредна 1,2 милијарди долари.